Пређи на садржај

Cтар’јо дедо и јубава девојка

Извор: Викизворник

* * *


5

Јануша девојка и тријесе беќари

Збор збориле јерген и девојка,
Збор збориле утро во недела:
Да бегаја мошне на далеку,
На далеку, преку три планини!
Девојка му вели јем говори:
„Дејди, лудо, лудо неженето!

„Јаз ќе лежам во ново градинче,
„Да поминиш, ти да ми засвириш,
„Да засвириш со шарен’јо кавал,
„Да потфрлиш со тешка камена,
„Јаз ќе станам — двата ќе бегајме!”
Натема го једно старо јаро,
Дрезги брало, тоа наслушало!
Што ми стана тоа старо јаро,
Што ми стана петли непејани,
Ми намина кај ново градинче,
Ми засвира со шарен’јо кавал,
Ми потфрли со тешка камена:
„Ој, девојко, јубава девојко,
„Ајде, двата, двата да бегајме,
„Веќе зора ми се јобзорила!”
Ми летнале двата да бегаја,
Ми летнале по бели друмови,
Ами лудо, лудо појостана!
Ми го кара јубава девојка:
„Ајде, лудо, нози ти капнале!”
Кога зора ми се јобзорила,
Се јобзрна јубава девојка:
„Дејди, лудо, лудо неженето!
„Што ти брада, лудо, подбелела?” —
„Ој, девојко, јубава девојко,
 „Слана ми ја брада нападнала!”
Ко’ го виде јубава девојка,
Ко’ го виде — једен стар’јо дедо!
Писна, море, девојка да плачи !
Дедо ј’ вели, вели јем говори:
„Ој, девојко, јубава девојко,
„Јаз ќе појдам млада берберина,
„Ќе си бричам моја бела брада,
„Ќе се сторам од двајсе години!
„Jаз ќe појдам млади чегртчији,
„Ќе потправам моје бело лице,
„Ќе ти бидам лудо неженето!

Датотека:Murat Sipan vinjeta.jpg


Референце

Извор

Др. Војислав С. Радовановиќ: Маријовци у песми, причи и шали, Штампарија Василија Димитријевића Скопје, 1932.