Марко Крале и Митре Тирочанче

Извор: Викизворник


5

Марко Крале и Митре Тирочанче

Слуга служи Марко Крале,
Слуга служи Свети Ѓорѓија;
Ми направи три чесни трпези,
Си покани гости, пријатели,
He го кани Митра Тирочанче.
Ми ја клади своја стара мајка,
Ми ја клади, просто да ми стоји,
Да ми слуша што ќе гости речат.
Гости пијат, јадат, вечерајат,
Ми велаја, вела, прикаж’ваја:
„Блазе си му Марка Крале,
„Што си има секаква посатка;
„Уште д’ има риба од Орида,
„Како Марка нигде ќе немаше!”
My докажа старата му мајка:
„Дејди, Марко, Марко мили синко,
„Гости велат ем си прикаж’вајат,
„Да донесеш риба од Орида,
„Како тебе нигде ќе немаше!”
Стана Марко во рамни дворови,
Што си јавна коња пеливана,
Овде-јонде по бели друмови,
Ми пристигна во Орида града
И ми зеде риба од Орида.
Ноќе појде, па надзад да дојде;
Ми југреја јастра месечина,
Ми југреја, вели, јод опако;
He ми била јастра месечина,
Туку то било Митре Тирочанче!
Овде-јонде, завал се стретиле,
Се ватија со добрите коње,
Марков коња силни плам’ни гори,
Марков коња појунак ми беше;
Се ватија со јуначки раци,
Митре беше појунак од Марка,
Ми го вати, Марка ми го врза,
Го поткова под себе под коњо.
Марко вели, вели ем говори:
„Дејди, Митре, Митре Тирочанче,
„Ти ме носи во Солуна града,
„Там’ сум пило време три години,
„Ем сум јало, пара не сум дало;
„Да ме носиш кај Map’ крчмарица,
„Тамо имам многу вересија.”
Се излага Митре од Тирана,
Го занесе во Солуна града,
При негова мила посестрима.
Го догледа Мара крчмарица,
Го догледа Митра Тирочанче:
„Донеси ја, незнајна делијо,
„Донеси ја луда пијаница,
„Пијаница Марко Крале,
„Пило,-јало, пара не ми дало;
,Дај, врли го темната дзандана,
„Бујрум горе, каве ќе те частам,
„Ќе те частам каве шербетлија!”
Го врлија темната дзандана,
Го врлија Марка Краљевина;
Го погости каве шербетлија,
Го погости Митра Тирочанче,
Bo кавето билки ем коренки.
Ми се јопил Митре Тирочанче,
Ми се јопил, смртно ми се успал.
И си јоди Мара крчмарица,
И го праша Марка од Вароша:
„Кај ји кладе свилени клучеви,
„Да т’ отклучам, мили побратиме?” —
„Дејди, Маро, мила посестримо,
„Да му видиш на добрата коња,
„Да му видиш позлатена грива;
„Ами коња не ти се предава,
„Ми го лажи с дробна леблебија,
„Ми го части вино трогодишно.”
Ами коња, коња се предала;
Што извала свилени клучеви,
Го отклучи Марка од Вароша.
Што ми стана Марко Крале,
Го заклучи Митра Тирочанче,
Ми го клоцна со десно колено:
„Стани, Митре, јунак над јунака,
„Твојо сужен срце ми спокоји!
Што го зеде, што ми го поткова,
Го поткова под себе на коњо;
Овде-јонде по бели друмови,
Го донесе во Вароша града.
Гости с’ чудат, гости ми се умат:
„Марка нема, многу се забави!”
Тогај клука Марко тешки порти:
„Ете Марка, Марко ми пристигнал!”
Марко влезе во рамни дворови,
My јотсече Митровата глава;
Кога зеде јуначката глава,
Ја завалка во чесна трпеза;
Ми извади риба шарковита,
Ајде, риба, риба од Орида,
И ја тури во чесна трпеза.
Гости с’ чудат, гости ми се умат:
„Како Марка Крале нема,
„Ноќе појде, ден надзад си дојде,
„И донесе јуначката глава,
„И донесе риба од Орида!”

Датотека:Murat Sipan vinjeta.jpg



Референце[уреди]

Извор[уреди]

Др. Војислав С. Радовановиќ: Маријовци у песми, причи и шали, Штампарија Василија Димитријевића Скопје, 1932.