Пређи на садржај

Крале Марко и дете Дукадинче

Извор: Викизворник

* * *


5

Крале Марко и дете Дукадинче

Се прошета Крале Марко,
Се прошета на Косово рамно;
Ја догледал дзвезда Квечерница,
Ем со дзвезда Марко говореше:
 „Ој ти дзвездо, дзвездо Квечернице,
„Висок’ стојеш, бре, далеко гледаш,
„Да ли има појунак од мене?”
Изговори дзвезда Квечерница:
„Дејди, Марко јод Вароша града,
„И ти си ми, Марко, златен јунак;
„Ами што је дете Дукадинче,
„Мал’, малечко, шес-седум години,
„Мрамор-плоча со десната рака
,Ја мреврла преко негов’ рамо, —
„Тој ќe биди јунак над јунака!
Што си зеде Марко јод Вароша,
Што си зеде коња пеливана;
Овде-јонде по бели друмови,
Си јотиде во Дукада града.
Натема го дете Дукадинче,
Куќи му се много бележити:
Кале му је вијено железо,
Порти му се лута ломарина,
Во дворови дрво јаворово,
На дрвото глави обесени!
My јотиде, Марко му јизвикна:
„Ој ти дете, дете Дукадинче,
„Јаз ти идам, гостин ќе ти бидам,
„Ќе те ватам лепа побратима!”
Што ми чуло дете Дукадинче,
Дете вели, вели јем говори:
„Мани с’, мани, незнајна делијо,
„Да не т’ врлам од високи куќи!”
Мајка м’ вели, вели јем говори:
„Дејди, синко, дете Дукадинче,
„Како с’ бије човек без кабајет,
„Белки иди гостин да ни биди?”
Отворија порти челикови,
Отворија, Марко ми је влегол;
Курдисаја с’ да пијат, да јадат, —
Пиле, јале три дни јем три ноќа!
Изговори Крале Марко,
Изговори Марко да зборува:
„Дејди, дете, дете Дукадинче,
„Дукадинче, лепи побратиме,
„Ајде није да се разодиме,
„Разодиме зелени чајири,
„Да ји коње, коње прошетаме!”
Натема го Марка маѓесница,
Го излажа дете Дукадинче,
Го изнесе зелени чајири!
Ко’ се биле зелени чајири,
Изговори Марко да зборува:
„Ајде, дете, да се јобискаме,
„Јобискаме со јуначки раци!”
Многу беше дете Дукадинче,
Многу беше појунак од Марка:
Ми го вати, оно се измакна!
„Стој на нишан, дете Дукадинче!” —
„Дејди, Марко, лепи побратиме,
„Не си носам јуначко оружје,
„Пола спрема дома сум јоставил.”
Па му збори Марко маѓесница:
„Ајде, дете, да се јобискаме!”
He го пуштил да се ватат раци,
Да се ватат со јуначки раци, —
Ми се биле многу од далеко.
Ами дете, дете Дукадинче,
Уште беше тоа малечкаво,
Малечкаво на седум години!
Што ми врли Марко јод Вароша,
Што ми врли жолта боздогана,
Ми го јудри дете Дукадинче,
Го погоди право врз челото.
Изговори дете Дукадинче:
„На душа ти, мори, стара мајко,
„Ме удаде Марка маѓесница!”

Датотека:Murat Sipan vinjeta.jpg


Референце

Извор

Др. Војислав С. Радовановиќ: Маријовци у песми, причи и шали, Штампарија Василија Димитријевића Скопје, 1932.