Запејало славеј пиле

Извор: Викизворник


Запејало славеј пиле

Запејало славеј пиле,
запејало в Димна Гора,
Димна Гора Богданова.
Што го чуло от роднина,
се лежало по година. 5
Ми го дочу сирак Стојан:
он е лежал три години.
Мајка ли му говореше:
„Еј, Стојане, мили сину,
кажи, сину, што гре' имаш? 10
Да си идем на монастир,
да си викнем стар калуѓер
да те, сину, исповеда,
ја да умреш, ја да станеш."
Стојан ли и говореше: 15
„Мори мајко, стара мајко,
греховен су, како несу!
Да ли знаеш, паметуеш
кога беме со иштира,
ние беме седамдесет, 20
седамдесет, се дружина;
кога назад се вратиме,
па паднаме в едно село,
в село чума мрие;
па кондисаме крај црквата, 25
си имаше до два гроба,
до два гроба и двата нови;
па ние сме обложиле:
кој ќе ми се јунак најме
да откопа до два гроба, 30
та да види да ли ми се,
да ли ми се син и мајка,
или ми се маж и жена,
или ми се брат и сестра?
Никој, мајко, не се најде 35
да откопа до два гроба;
ја сирома, ја се најдо,
си откопа до два гроба:
та не ми се син и мајка,
ни па ми се маж и жена, 40
ни па ми се брат и сестра,
току ми се снаха и зохова.
А што беше невестата,
и хубава и не толко,
а што беше девојчето, 45
дека стои сонце грее!
Лицето е прах паднало,
ои извади танка крпа,
танка крпа од пазуво
и избриша бело лице, 50
се наведо, ја целива!
На часот ми уста пукна,
три капки ми крв капнало."
Тогај мајка му говори:
„Ај ослепел, млад Стојане! 55
Това ти е твоја сестра,
твоја сестра, мила снаха!
Колко што си, сину, лежал,
уште три толко да лежиш!
Да ти никне низ костите, 60
да ти никне росна трава!
Низ уста ти изникнала,
изникнала танка ела!"
Како мајка го прок'лна,
па ми лежал уште три толко. 65
Па му никна низ костите,
низ костите росна трава.
Низ уста му изникнала,
изникнала танка ела.

Датотека:Murat Sipan vinjeta.jpg



Референце[уреди]

Извор[уреди]

  • Народне песме македонски Бугара, скупио Стефан Верковић, књига прва, женске песме, у Београду, Правителственомь Кньигопечатньомь, 1860., стр. 309-311.
  • Крњевић Хатиџа, Антологија народних балада, Српска књижевна задруга, Београд, 1978., стр. 133-134.