Ми се плачи млада Јанкулица:
„На душа ти, мори, стара мајко,
„Што ме даде Јанкула војвода!
„Дење јоди в’ гора арамија,
„Ноќе јоди по пат ќесаџија!
„Веќе ми се, мајко, здодејало,
„Од перење крвави кошули!
„Кога стана, мајко, једно утро,
„Ву кошула једна руса глава,
„Руса глава со се вилти чешел, —
„Ми се гледа од мојето брате!”
Уште така Јана зборуваше,
Што ми дојде помали Богоја:
„Дејди, Јано, моја мила сестро,
„Ќе жениме наше мило брате,
„Утре рано свадба ќе му биди.” —
„Дејди, брате, помали Богоја,
„Ај, почекај, јаз да се променам,
„Да променам руво пандзурово.” —
„Дејди, Јано, моја мила сестро,
„Свадба ми је многу наврапито!”
Кинисаја по бели друмови,
Она јоди, бре, под пат и над пат,
Она бери секакви цвеќиња,
Утре рано венец да ми вије,
Венец убав за млада невеста.
Наближија нивните дворови —
Глас се дава како на јумрено!
Јотидоа, дома си влегоа,
Кога виде јубава невеста —
Незно брате глава му ја нема!
„Дејди, брате, помали Богоја,
„Оти право, право не ми рече?
„Да му ј” земам таја руса глава,
„Руса глава со се вилти чешел,
„Што ја донел Јанкула војвода,
„Одејќи в’ гора арамија,
„ Одејќи пo пат ќесација,
„Арамија, да од Бога најде!”