Пређи на садржај

Марко Краљевић и Охридска аждаја

Извор: Викизворник

* * *


Марко Краљевић и Охридска аждаја

(Народна песма из Поречког краја у Маћедонији)

Се пофали ламја от Оритско езеро:
— Ако иајда машко дете Маркоо,
Жива ће го него проголтна. —
Вечерует Кралевића Марко,
И се Марко вечеруаиће задумало, 5
Го прашует негоа стара мајка:
— Што се думаш, синко Кралевиће Марко?
Тогај Марко мајки је велеше:
— Не ме прашуј, моа мила мајко,
Се пофали ламја от Оритско езеро. 10
Ако нает наше машко дете,
Живо ће го него проголтнет.
Тогај мајка Маркоему велеше:
— Ти ми земи три соколи сиви,
Однеси го на Мируш планина. 15
Па распрегни зелени чадора,
На распрегни на зелена трава,
Остаи му смокви леплебии,
И крај него три соколи сиви.
Мошне арно соколи научи, 20
Да ни, синче, дете прићосаат,
Мошне добро дете да научиш,
За соколи, сине, дете ранит,
Да не, синче, соколи с’ огладнат’,
Да не појдат низ Мируш планина, 25
Ако доет ламја, ће го голтнет. —
Па излезе ламја от езеро,
Ми обиде исток и запада,
Па се качи на високи камен,
Ја прашует вечерница звезда: 30
— Жи ти бога, вечернице звездо,
Ја обидоф исток и запада,
Не можа да га најда Маркоо машко дете,
Високо стоиш, на далеко гледаш,
Да л’ го знаеш каде ’е машко дете? 35
Тогај звезда ламје је велеше:
— Ди л' ме прашуеш, море лута ламјо,
Дете ми’е во Мируш планина,
Крај него оет три соколи сиви,
Мошне ми сет соколи загладнале, 40
Ако поеш, живо ће т’ искинат’!
Па ми ламја от камен ми слегла,
Ми киниса нис широко поле,
Па појде близу до Мируш планина,
Ми поткачи врући присоиници. 45
Па ми најде четир еребици,
Па ми близу ламја до чадор ми дојде.
Кога ламја прет чадор ми дојде,
Изблуа ми четир еребици,
Покрај чадор еребици пролетале, 50
И видоа три соколи сиви,
Одлета еребици да ми и фатат,
Тогај ламја дете-но проголтна,
Па се ламја назат повратила,
Бегат ламја в Оритско езеро. 55
Кога ми се соколи кај чадор вратиа
Ми видоа: дете ми го немат,
Па писнаа сиви-не соколи,
Еден сокол пот чадор ми остана
Ја други-от пот небеси летна, 60
Ја трећи-от праз на езеро одит,
Пиштит сокол што му грло тежит:
— Леле, море Кралевиће Марко,
Брго трчај на Оритско езеро,
Зар и дете ламја пи го изеде! 65
Па ми Марко на кале седеше,
Еднаго ми гласи си дочуло,
Трчат Марко на Оритско езеро,
Голо, босо, брате, распашано,
Кога појде на Оритско езеро, 70
Понапред ламја в езеро ми влегла,
Еден сокол Маркоему велеше:
— Ја ће влеза во Оритско езеро,
Ђе завеа пролетни ветрои.
Ће завра есењи дождои, 75
Да н’ ће ламја от езеро излезит!
Јако, Марко, овде да ја чекаш.
Ми завеа пролетни ветрои,
И заврнаа есењи дождои.
Си излага ламја, ми излезе, 80
Право ламја на Марка ми идеше,
Од небеси сокол му велеше:
— Тргај, Марко, рака ти капнала!
Зар ће ламја на в езеро влезет!
Ми потргна тешка боздогана, 85
Ми ’е удри међу црне очи,
Па ми ламја Маркоему велеше:
— Удри, Марко, добро утепај ме.
Марко ламии тогај је велеше:
— Едном мајка ме родила, едном умира. 90
Па дојдоа два сиви соколи,
Жива ламја ја распараа,
М’ извадиа Марко машко дете,
И најдоа три рала сватои,
И најдоа до три убаи невести. 95

Песму казивао сељак Војин
из села Зркле у Поречу.


Референце

Извор

  • Томић Н. Јован, Историја у народним епским песмама о Марку Краљевићу; песме о Муси Кесеџији и Ђему Брђанину; историјска истраживања; [Београд], Српска краљевска академија, 1909., стр. 181-183.