Ѓурѓа самовила и Крал Марко

Извор: Викизворник


5

Ѓурѓа самовила и Крал Марко

Кула прави Ѓурѓа самовила,
Кула прави на Косово рамно:
Темељ клава старите дедови,
Ај, дзидишта, ајди, стари баби;
Прозор, врата, ај, дробни дечиња,
Ај, покривач јубави девојки,
Ем девојки, јубави невести;
Ај, потпори све млади јунаци,
Све јунаци по једен на мајка, —
Ами једен, једен кусо дошло!
Ми се чуди Ѓурѓа самовила:
Кај да најди једен млади момок,
Млади момок, ај, једен на мајка?!
Она с’ чуди, она ми се дума;
Го намисли Марковото дете,
Марков’ дете од Вароша града,
Да го носи на Косово рамно,
Да го клаве потпор на кулата,
На кулата кај јуначки табур.
Што ми летна Ѓурѓа самовила,
Што ми летна, летна ем прелетна
Од Косова дури до Вароша;
Што му дојда, право му кажува,
My кажува на Крал Марко,
My кажува што е намислила.
Марко вели, ј’ вели ем говори:
„Ман’ се, мани, Ѓурѓо самовило,
„Да не земам коњче фрљокрило,
„Да не с’ видиш на Косово рамно!”
Ами шега, шега се не прави,
He се прави со самовилите:
Кога духна Ѓурѓа самовила,
Кога духна силните ветрове,
Го јодвеја Крале Марко,
Го јодвеја во сињото море!

Датотека:Murat Sipan vinjeta.jpg



Референце[уреди]

Извор[уреди]

Др. Војислав С. Радовановиќ: Маријовци у песми, причи и шали, Штампарија Василија Димитријевића Скопје, 1932.