Црни затвореници од Мариојово

Извор: Викизворник


5

Црни затвореници од Мариојово

Нешто ќе те питам, бабо,
Нешто ќе те питам:
Право да ми кажиш, бабо,
Немој да ме лажиш!

Кој’ војводи беа, бабо,
Кој’ комити беа?
Да ли дедо-Коло, бабо,
Да ли Толе-паша? —

Ако ли ме питаш, аго,
Ако ли ме питаш?
Право ќе ти кажам, аго,
Нема да те лажам!

Ни војводи беа, аго,
Ни комити беа;
Тија ми ти беа, аго,
Црни затворници!

Црни затворници, аго,
Црни затворници,
Тријес и два мина, аго,
Црни затворници!

Војвода му беа, аго,
Коло Каранцула!
Напред му тргаше, аго,
Петко од Маково!

Ручек нарачаме, аго,
Ајде, нарачаме,
Ручек нарачаме, аго,
Село Градешница!

Ајде, потегнаме, аго,
Ајде, потегнаме,
Ајде, затегнаме, аго,
Право за Прибилци!

Датотека:Murat Sipan vinjeta.jpg



Референце[уреди]

Извор[уреди]

Др. Војислав С. Радовановиќ: Маријовци у песми, причи и шали, Штампарија Василија Димитријевића Скопје, 1932.