Судбо моја,судбино

Извор: Викизворник

Судбо, моја судбино

Судбо, невернице,

Што си, судбо, ме однела

В земја непозната 2х


В земја непозната

При луђе нелуђе

Ни сонцето ни месецот

Не ми се познати 2х


Земи, судбо, однеси ме

При мојата мајка

Да ја прашам, судбо клета,

Што су изгрешила

Зашто ме омажи судбо

Толику надалеко.