Пређи на садржај

Крашовче Радовче и Турче Амет-паша

Извор: Викизворник

* * *


5

Крашовче Радовче и Турче Амет-паша

Вино пије Кратовче Радовче,
Вино пије на ладна мејана;
Спротив има турскана дуќана,
Во дуќана Турче Амет-паша.
Го догледал Турче Амет-паша:
„Дејди” рече, „Кратовче Радовче,
„Колај бива за винце пијење!
„Да ли можеш јоблог да извршиш:
„Да ми појдиш Високоно Брдо,
„Да сокиниш сињите бајраци,
„Ден да појдиш, јопет да си дојдиш, —
„Ќе ти дадам иљада дукада,
„Секој дукад по иљада гроша,
„Ем ќе т’ дадам куќи сарајливи;
„Ако јоблог, море, не извршиш,
„Ќе ти земам млада Кратовица,
„Кратовица со сем машко дете!”
Се наватил Кратовче Радовче,
Он ми јоблог, јоблог ќе изврши.
Што си појде млада Кратовица,
Ји кажува, вели ем зборува:
„Ај, невесто, мило добро моје,
„Голем јоблог сум се заватило:
„Да си појдам Високоно Брдо,
„Ден да појдам, јопет да си дојдим;
„Ајде, влези темна кољушница,
„Које коњче роса го избило,
„Белки ми је од Бога речено?”
Што ми влезе млада Кратовица,
Што ми влезе темна коњушница,
Сите коњи ми ји пројобиде,
Тоа коњче, коњче мало вранче,
Што го лани на дракови кревал,
Тоа коњче роса го избило, —
Он ми јоблог, јоблог ќе изврши!
Ми го зоба пребела пченица,
Ми го поји вино трогодишно:
Сутро ќ’ појди с Кратовче Радовче,
Ќе ми појди Високоно Брдо,
Ден ќе појди, јопет ќе си дојди.
Што ми стана Кратовче Радовче,
Што ми стана утро во недела;
Што си зеде коњче мало вранче,
Што му кладе седло шиклосано,
Што му тури жолти мајмузији,
Што му тури јузди позлатени;
Што си вјана коњче мало вранче,
Си јотиде Бисоконо Брдо.
Овде-јонде по бели друмови,
Ден ми појде, надзад па си дојде!
Што ми јоблог, јоблог го изврши,
Он си зеде, Кратовче Радовче,
Он си зеде иљада дукада,
Секој дукад по иљада гроша,
Ем си зеде куќи сарајливи
Co покривач од бел’јо карагрош!

Датотека:Murat Sipan vinjeta.jpg


Референце

Извор

Др. Војислав С. Радовановиќ: Маријовци у песми, причи и шали, Штампарија Василија Димитријевића Скопје, 1932.