Ко’ се женил Иво Светогорче!

Извор: Викизворник


5

Ко’ се женил Иво Светогорче!

Се прошета Иво Светогорче,
Си прошета земја Румелија,
Да си бара лика според него;
Време шета, време три години,
Лика избра калеша Мегленка,
Ми ја избра, ми ја прстенува.
Она има девет мина браќа;
Си киниса Иво Светогорче,
Ајде, друго, нему порачаја:
„Дејди, Иво, Иво Светогорче,
„Да си збериш китени сватови,
„Да поканиш сто мина сватови,
„Сети млади од двајсе години!”
Ми тргнало Иво Светогорче,
Ми тргнало по бели друмови,
На пат стретнал црна Арапина,
Си распнало белите чадори:
„Дејди, Иво, Иво Светогорче,
„Ти прстен’ва убава невеста,
„Ти прстен’ва — јаз ќe ја ќердосам!”
Он си дојде во рамни дворови;
Што си седна на студени камак,
Го догледа неговата сестра:
„Дејди, брате, Иво Светогорче,
„Та што си се толко задумало?”
Изговори Иво Светогорче:
„Дејди, сестро, руса Анѓелино,
Јаз прстен’ва калеша Мегленка;
„Она има девет мина браќа,
„Ko’ киниса, тиј’ ми порачаја,
„Да си зберaм китени сватови,
„Да поканам сто мина сватови,
„Сете млади од двајсе години.” —
„Дејди, брате, Иво Светогорче,
„Си имаме није чесен нунко,
„Он ќе збери педесет сватови;
„Наше село много је весело,
„Ќе собери педесет сватови.”
Поканија сто мина сватови,
Поканија, сутро кинисаја;
Овде-онде по бели друмови,
Отидоа во Меглена града,
Да ја земат калеша Мегланка.
Што дочуле китени сватови,
Оти валба ми се повалило,
Повалило црна Арапина,
Как’ ќе земи убава невеста, —
Измислија китени сватови:
„Ој, невесто, калеша Мегленко,
„Промени си руво пеливанско,
„Ај; земи си сабја колаклија,
„Кинисај си напред пред сватови!”
Кинисаа китени сватови,
Пред сватови калеша Мегленка,
Променета руво пеливанско;
Што ми дојде на бели чадори, —
Селам давај црна Арапина,
Селам враќа незнајна делија!
Изговори црна Арапина:
„Дејди, море, незнајна делијо,
„Да ли иди Иво Светогорче,
„Да ли носи убава невеста?” —
„Иво иди, невеста не носи;
„Се повалил црна Арапина,
„Да му земи убава невеста!”
Овде-онде по бели друмови,
Отидоа во рамни дворови,
Там’ најдоа орото големо.
Ми се вати калеша Мегленка,
Ми се вати напред да ми игра;
Ми се пушти руса Анѓелина,
Го причеква Ива Светогорче:
„Дејди, брате, Иво Светогорче,
„Сето руво алав ќe ти правам,
„Да ме дадиш за наја делија!” —
„Дејди, сестро, руса Анѓелино,
„Таја ми је убава невеста,
„Невеста ми калеша Мегленка,
„А од сеа млада Ивовица!”

Датотека:Murat Sipan vinjeta.jpg



Референце[уреди]

Извор[уреди]

Др. Војислав С. Радовановиќ: Маријовци у песми, причи и шали, Штампарија Василија Димитријевића Скопје, 1932.