Пређи на садржај

Корун арамија што греови имал?!

Извор: Викизворник

* * *


5

Корун арамија што греови имал?!

Се разболе Корун арамија,
Ми лежало до девет години!
Си го праша негов’ стара мајка:
„Кажи, синко, Корун арамијо,
„Кажи, синко, што греови имаш?” —
„Дејди, мајко, моја стара мајко,
„Ај, викни си деца ем патрици!” —
„И јаз сум си, синко, стара душа,
„Што ти треба деца ем патрици?” —
„Поминаме, мајко, наминаме,
„Наминаме кроз село Саждево,
„На првијо дено Велигдено;
„Што бе чуло, беше избегало,
„Останала једна стара баба,
„Стара баба и једна левонка.
„Изговори наш’јо главушија:
„Кој ќе с најми, куќа да запали?”
„Сите глави, мајко, поведоа,
„Јаз се најми, куќа ја запали!
„Поминаме, мајко, наминаме,
„Наминаме кроз гора зелена,
„Причекаме киќени сватови.
„Изговори наш’јо главушија:
„„Кој ќе коли зето и невеста?”
„Сите глави, мајко, поведоа,
Јаз ји закла зето и невеста!
„Се вратиме на трите године,
„Наминаме кроз гора зелена:
„Зето никнал црвено јаболко,
„А невеста белата лозница;
„Ми родила црвено јаболко,
„А лозница грозје беловина!
„Изговори наш’јо главушија:
„Кој ќе сечи црвено јаболко,
„Кој ќе сечи белата лозница?”
„Сите глави, мајко, поведоа,
„Јаз се најми, мајко, ји отсеко!” —
„Дејди, синко, Корун арамијо,
„Дејди, синко, проклета ти душа!
„К’а си лежал до девет години,
„Уште девет, синко, да ми лежиш;
„Дури коски не ти се раскостат,
„Бого душа да не ти ја земи!”

Датотека:Murat Sipan vinjeta.jpg


Референце

Извор

Др. Војислав С. Радовановиќ: Маријовци у песми, причи и шали, Штампарија Василија Димитријевића Скопје, 1932.