Кога падна на Пирина

Извор: Викизворник
Иди на навигацију Иди на претрагу

Текст[уреди]

Кога падна на Пирина
 
 Кога падна на Пирина
 Ранет Јане Сандански,
 Долетеја три сокола
 И на Јане збореја:
 Ајде Јане, со нас појди,
 Ми ќе лек најдеме
 Мајка Македонија
 За таков јунак лек ќе најде.
 
 Први сокол ќе те носи
 Долу крај Вардара,
 Втори сокол ќе те носи
 Дур на Белото море,
 Треќи сокол ќе те носи
 Горе в Пирин планина.
 Белким ти ќе оздравиш
 Македонија да ослободиш.
 
 Ој, бре, вие три сокола
 Срце лудо сам ранет
 Остај'те ме тук да умрам
 Мене лек не лекува
 Македонија други ќе роди
 Ќе ја ослободат...
 Мајко Македонијо,
 Другите да раѓаш,
 Да те ослободат!


 Кога падна на Пирина
 
 Кога падна на Пирина
 ранет Јане Сандански,
 полетаа три сокола
 и на Јане збореа:
 Ајде Јане со нас појди,
 ние лек ќе најдеме,
 белким ти ќе оздравиш,
 македонија жална да ослободиш. [x2]
 
 Први сокол проговара,
 Ој ти Јане Сандански
 ајде Јане со нас појди
 горе в' Пирин Планина, [x2]
 Белким ти ќе оздравиш
 Македонија да ослободиш. [x2]
 
 Втори сокол проговара:
 Ој ти Јане Сандански
 ајде Јане со нас дојди
 дур до белото море [x2]
 белким ти ќе оздравиш,
 македонија да ослободиш. [x2]

Види још[уреди]