Заљубиле се, душо, две луди млади

Извор: Викизворник
Пређи на навигацију Пређи на претрагу


Заљубиле се, душо, две луди млади

Заљубиле се, душо, две луди млади,
две луди млади, две аџамии,
не ми умеат как да се љубат:
мома ја љуби со црни очи,
лудо го љуби со сувогрозје. 5
Ми ги дочула кучка маштеа,
та ми отишла на нови пазар,
та ми купила горка зеера,
та ми отрула две луди млади.
Лудо ми умре кун пладнината, 10
мома ми умре кун квечерина.
Та ми дочула кучка маштеа,
та ми прегнала четворна кола,
та ги однесла меѓу два друма;
мома закопа меѓу два друма, 15
лудо закопа меѓу три друмје.
Мома излезе долга лозница,
лудо излезе црвен трендафил.
Одошто љубов пгго си имале,
мома ми пушти лоза кун лудо, 20
лудо ми пушти мишка трендафил,
мишка трендафил кун мала мома.
Одошто љубов што си имаа,
двајцата млади ми се здружија.
Пак си дочула кучка маштеа, 25
та си отишла дури дома е,
и та си зела остроно сорче,
та ми отишла меѓу два друма,
та ми исекла долга лозница;
пак си отиде меѓу три друмје, 30
та ми исекла црвен трендафил.
Та ми отишла дури дома си,
та ми запали два силни огна,
та ми изгоре долга лозница,
та ми изгоре црвен трендафил, 35
та ми се стори белана пепел.
Та ја собрала белана пепел,
та ја фрлила во градинчето;
та ми излезе рамен босиљок,
што ми го носат све јуначиња, 40
све јуначиња под фесоине,
а девојкине под пазуине,
а дечињата во рачињата.

Murat Sipan vinjeta.jpg



Референце[уреди]

Извор[уреди]

Крњевић Хатиџа, Антологија народних балада, Српска књижевна задруга, Београд, 1978., стр. 135-136.