Пређи на садржај

Дете Костадинче и царе Сулијмане

Извор: Викизворник

* * *


5

Дете Костадинче и царе Сулијмане

Останало дете Костадинче,
Останало мало сираченце:
По три пати Турци го плениле,
Го плениле, нишчо н’ оставиле
За носење, ниту за јадење.
Коа мака му се здодејало,
Изговори дете Костадинче,
Да ја праша старата му мајка:
„Шчо да чинам, моја стара мајко,
,,Ал’ да одам в’ гора арамија,
„Ал’ да одам в’ поље ќесеџија?” —
„Сине, море, дете Костадинче,
„Кој вајдосал оди арамилак,
„Кој ќердосал оди ќесеџилак?
„Да си појдеш во Солуна града,
„Тамо имаш двајица вујчеви,
„Тија нешчо работа ќе најдат.”
Како мајка дете го научи,
Так’ направи дете Костадинче;
Си отиде во Солуна града,
Си отиде кај двај’ца вујчеви:
„Добро утро, двајица вујчеви!” —
„Дај Бог добро, дете Костадинче,
„Дај Бог добро, добро си нам дојде!
„Добре дојде, а заошчо дојде?” —
„Јаз ви дојдо, двајица вујчеви,
 „Јаз ви дојдо од мака голема:
„На три пати Турци ме пленија,
„Нишчо Турци не ми оставија,
„За носење, ниту за јадење;
,,Ал’ да одам в’ гора арамија,
„Ал’ да одам в’ поље ќесеџија?” —
 „Море, внучко, дете Костадинче,
„Кој вајдосал в’ гора арамилак,
„Кој ќердосал в’ поље ќесеџилак?
„Ми имаме девет кобилице,
„Сете ждребне, ќе ји пасеш тија;
,,Ко’ с’ ождреби таја најодзади,
„Ждребе бакшиш ќе ти го дадеме,
„Тоја ждребе ќe ти биди руга.”
Ми остана дете Костадинче,
Ми остана во Солуна града,
Ми се главе кај двајца вујчеви,
Да ји пасе девет кобилице.
Дојде време, осум с’ иждребија,
Најодзади сива кобилица:
 Се ождреби ждребе нишанлија,
Нишанлија, ждребе позлаќено,
Стребрено гриво, злаќено пашко,
Злаќено пашко, медено ного!
Ждребе пасе дете Костадинче,
Се прочуло од крај до крај замја:
Се родило ждребе нишанлија,
Се родило ждребе позлаќено!
Дочул тоја царе од Стамбола,
Од Стамбола царе Сулијмане,
И му прати једна бела книга:
„Чу ли мене, дете Костадинче,
„Ти си имаш ждребе нишанлија,
„Нишанлија, ждребе позлаќено;
„Тоја ждребе мене ќe ми требе,
„Како знајиш, да ми го донесиш!”
Телал најде дете Костадинче
И му дава книга од Стамбола;
Книга гледа дете Костадинче,
Книга гледа, дробни солзи рони!
Го попули ждребе позлаќено:
„Оти ми си тако увилено,
„Оти, дете, дробни солзи рониш?”
Изговори дете Костадинче:
„Цар од Стамбол книга ми пушчило,
„Да те носам в’ цареви дворови.”
Изговори ждребе позлаќено:
„Дејди, море, дете Костадинче,
„Тоја малце ќe ни биде гајле;
„Тури ми се на мој’те рамена,
„Ќе ојиме цару од Стамбола,
„Ќе ојиме в’ цареви дворови.”
My се тури дете Костадинче,
My се тури коњу на рамена;
Отидоа цару од Стамбола,
Отидоа в’ цареви дворови.
Ко’ ји виде царе Сулијмане,
Ји посака голема работа:
„Дејди, море, дете Костадинче,
„Ќе донесеш Дзвездица девојка,
 „Ако сакаш ждребе да т оставам.”
Тргна дете па солзи да рони:
„Как да најдим Дзвездица девојка?’
Па го пули ждребе позлаќено:
„Не бер’ гајле, дете Костадинче,
„Тоја малце ќе ни биде гајле;
„Тури ми се на мојте рамена,
„Ќе најдиме Дзвездица девојка.”
My се тури коњу на рамена;
Кинисаа по бели друмови,
Си најдоа мрава преватена.
Изговори ждребе позлаќено:
„Слези, дете, мрава ми превати,
„Исправи ја мрава преватена, —
 „Ќе ни с’ најде тој’ мрава за нешчо!
Слезе дете, ја исправи мрава.
Поодија по бели друмови,
Си најдоа гарван преватена.
Па му збори ждребе позлаќено: .
,Слези, дете, гарван ми превати,
„Ќе ни с’ најде и гарван за нешчо!”
Поминаа на сињото море,
Си најдоа риба преватена.
Па му збори ждребе позлаќено:
„Слези, дете, риба от’ превати,
„Ќе ни с’ најде и таја за нешчо!
Отидоа преко сињо море
И зедоа Дзвездица девојка,
Однесоа цару од Стамбола.
И ји рече царе Сулијмане:
„Дејди, мори, Дзвездице девојко,
„Дејди, мори, млада ќe те турчам!”
Изговори Дзвездица девојка:
„Дејди, море, царе Сулијмане,
„Дејди, море, млада ќe ме турчиш,
„Ќе ме турчиш ако воа свршиш:
„Татко м’ има од сите семиња,
„Седумдесе и седум семиња;
„Да си одиш преку сињо море,
„Донес’ ми ји, после да ме турчиш!”
И му рече царе Сулијмане:
„Дејди, море, дете Костадинче,
„Да отидеш преко сињо море,
„Да донесеш од сите семиња,
„Да т’ оставам коњче позлаќено.”
Стана дете па солзи да рони:
„Как да свршам оваја работа?”
Па го гледа ждребе позлаќено:
„Не бер’ гајле, дете Костадинче,
 „Тоја малце ќe ни биде гајле;
Дури ми се на мојте рамена,
„Ќе најдеме мрава преватена,
„Тој he сврши оваја работа.”
My се тури дете Костадинче,
My се тури коњу на рамена;
Кинисаа по бели друмови,
Си најдоа мрава исправена.
Тоја било царо на мравите,
Тој повели на сите мравите:
Отидоа во мраварниците,
Донесоа од сите семиња,
Седумдесе и седум семиња.
Си ји зеде дете Костадинче,
Седумдесе и седум семиња,
Ји занесе цару од Стамбола.
Па ји вели царе Сулијмане:
„Дејди, мори, Дзвездице девојко,
„Дејди, мори, млада ќe те турчам!”
Изговори Дзвездица девојка:
„Дејди, море, царе Сулијмане,
„Дејди, море, млада ќe ме турчиш;
„Ама руба прво да м’ донесиш,
„Да м’ донесиш руба венчаничка
„Од татка ми преку сињо море,
„Донес’ ми ја, после да ме турчиш!”
Па му вели царе Сулијмане:
„Дејди, море, дете Костадинче,
„Да отидеш преку сињо море,
„Да донесеш руба венчаничка
„Од татка ји Дзвездица девојка,
„Ќе т оставам коњче позлаќено.”
Почна дете па солзи да рони,
Солзи рони, ај, на коњче збори:
„Как да свршам оваја работа,
„Да т остава царе од Стамбола?”
Изговори ждребе позлаќено:
„Ушче малце ќe ни биде гајле,
„Ќе свршиме и таја работа;
„Тури ми се на мојте рамена,
„Ќе најдеме гарван преватена,
„Тој ќe сврши оваја работа.”
My се тури дете Костадинче,
My се тури коњу на рамена;
Кинисаа по бели друмови,
Си најдоа гарван исправена.
Тоја било царо на гарвани,
Ми ји собра од сето царството,
 И ји пушти преко сињо море;
Донесоа руба венчаничка
Од кај татко Дзвездица девојка.
Си ја зеде дете Костадинче,
Ја занесе цару од Стамбола.
Па ји збори царе Сулијмане,
Па ји збори, млада да ја турчи.
Изговори Дзвездица девојка:
„Дејди, море, царе Сулијмане,
„Ушче малце, млада ќе ме турчиш;
„Сеа имам руба венчаничка,
„Ама немам прстено мененик;
„Тој ми падна во сињото море,
„Ко’ ме зеде дете Костадинче:
„Ако ми го па од море најдиш,
„Ако најдиш, вистина се турчам!”
Па му вели царе Сулијмане:
„Ајде, дете, дете Костадинче,
„Да го најдиш прстено мененик,
„Да го најдиш во сињото море;
„Ако најдиш, коњче ти оставам.”
Се увили дете Костадинче,
Се увили, па солзи зарона.
He му дава коњче позлаќено,
He му дава, и па го поучи:
„Не ми плачи, ич не бери гајле;
„Тури ми се на мојте рамена,
„Ќе ојиме во сињото море,
„Ќе најдиме риба преватена,
„Ќе ни најде прстено во море.”
Вјана дете коњче позлаќено,
Отидоа па на сињо море
И најдоа риба исправена.
Таја била царо на рибите
И ји собра од сето морето:
Ко’ на једно рипчето малечко,
Го најдоа прстено мененик,
Как му било на пашче турено,
Кога паднал во сињото море.
И го зеде дете Костадинче,
И го зеде прстено мененик,
Го занесе цару од Стамбола
И го даде Дзвездица девојка.
Изговори царе Сулијмане:
„Сеа, Дзвездо, млада ќе те турчам!” —
„Дојде време, млада ќе ме турчиш!
„Ама прво, по нашиот адет,
„Ќе завријеш једен казан вода,
„Да се пикнеш, да ми се искапиш,
„После, царе, млада ќe ме турчиш!
Па му вели царе Сулијмане:
„Ајде, море, дете Костадинче,
„Ти ќe првен во казан да с’ пикнеш,
„Ти ќe првен да ми се искапиш,
„Ќе т’ оставам ждребе позлаќено
Се исплаши дете Костадинче,
Ќе се свари во вода заврена;
Почна дете па солзи да рони,
И го виде коњче позлаќено:
„Не се плаши, дете Костадинче,
„Таја дзадна ќe бидне работа;
„Ко се пикнеш во вода заврена,
„Јаз ќe дунам студени здијови,
„Ќе изладам вода узаврена.”
Ми се пикна дете Костадинче,
Ми се пикна во казан на огњо,
Се искапи и па ми излезе.
Изговори Дзвездица девојка:
„Дејди, море, царе Сулијмане,
„Сеа дојде редо и на тебе;
,;Ајде, царе, и ти да с’ искапчиш,
„Да с’ искапиш, млада да ме турчиш!”
Тоги стана царе Сулијмане,
Тоги стана, завал да не стани,
И ми свлечи аљишта злаќени,
Ми се пикна во казан на огњо;
Коа влезе во вода заврена,
Ушче једнеш не ми је станало,
He се јави веќе на мегдана!
И остана дете Костадинче,
И си зеде Дзвездица девојка,
И заседна на царска столица!

Датотека:Murat Sipan vinjeta.jpg


Референце

Извор

Др. Војислав С. Радовановиќ: Маријовци у песми, причи и шали, Штампарија Василија Димитријевића Скопје, 1932.