Ордаио мори, Ордано!
Ордана маќа плетеше,
татко и на стол седеше
и на Ордана велеше:
„Ордано, шчерко Ордано, 5
бре, шчо је това од тебе:
секи четврток мијење,
секи ми петок плетење,
сека сабота премена,
сека недеља на пазар, 10
сека недеља крвнина,
овај недеља две крви —
до два се брата заклало,
два брата, до два близнака!"
На Ордана дожалело 15
па станала, побегнала,
воз реката манастирска.
На пат сретна калуѓерје,
те на них им говореше:
„Калуѓерје, братка да сте, 20
има ли конак за мене,
конак и празна ќилија
и црна гујна премена?"
Калуѓерје говареа:
„Ордано мори, Ордано, 25
има си конак за тебе,
конак и празна ќилија
и црна гујна премена,
ама си ногу убава,
ќе ни излажеш дјачета, 30
дјачета самоучета!
Ако си каил, Ордано,
да ти погрубим лицето,
да ти премрежим очите,
да ти пресечем косата, 35
косата до сам главата?"
Паднала каил Ордана,
да и погрубат лицето,
да и премрежат очите,
да и пресечат косата, 40
косата до сам главата.
Куга и лице грубеа
и викаше и не толку —
куга и коса сечеа,
куга Ордана викаше 45
сино се небо пукаше,
дробни си ѕвезди падаа!