5
Ми те продадова, Досто, моме маријовско!
Се собрале, ајде, се набрале,
Се собрале пусто Маријово,
Се набрале кмети маријовски,
Сите кмети, и земски и селски,
Сите кмети, кмети маријовски,
На Илинден, море, на добер ден,
Се собрале село Градешница!
Ми те продадова, Досто,
Досто, мори Досто,
Моме маријовско!
Ми те продадова, Досто,
Досто, мори Досто,
На Турци јеничари!
Кога те зедова, Досто,
Досто, мори Досто,
Кога те зедова!
Ми те занесова, Досто,
Досто, мори Досто,
Дури во Јанино!
Ми те продадова, Досто,
Досто, мори Досто,
На стар Али-паша!
Кога те качија, Досто,
Досто, мори Досто,
На високи сарај!
Ти побело дојде, Досто,
Досто, мори Досто,
Од белите булки!
Твоја јубавина, Досто,
Досто, мори Досто,
Уште поубава!
Тија ти зедова, Досто,
Досто, мори Досто,
Пуста јубавина!
Ми те продадова, Досто,
Досто, мори Досто,
Моме маријовско!
Први кмет ми беше, Досто,
Досто, мори Досто,
Коренко од Дуње!
Втори кмет ми беше, Досто,
Досто, мори Досто,
Брајанче од Кокре!
Треќи кмет ми беше, Досто,
Досто, мори Досто,
Перко од Кајлани!
Четврти ми беше, Досто,
Досто, мори Досто,
Брајан од Пештани!………
Датотека:Murat Sipan vinjeta.jpg