5
Стојан добер јунак си продава убава невеста!
Се собрале сељани мирјани,
Се собрале во Вароша града:
Расфрлале Турци, клети Турци,
Расфрлале тешката вергија,
Кому двесте, кому тристе аспри,
На Стојана три страници јазно, —
Оти имал девет воденици,
Ем си имал девет валавици,
Оти имал убава невеста,
Ем си имал едно машко дете!
Ми се чуди Стојан добер јунак:
Кај да збери три страници јазно?
Си го праша негов’ стара мајка:
„Дејди, синко Стојане, добер јунак,
„Што си толко, синко, задумано?”
Изговори Стојан добер јунак:
„Дејди, мајко, моја стара мајко,
„Расфрлаја Турци, клети Турци,
„Расфрлаја тешкана вергија,
„Кому двесте, кому тристе аспри, —
„Мене, мајко, три страници јазно!
„Кај да најдам пари да соберам:
„Да л’ да ј’ продам девет воденици,
„Ал да ј” продам девет валавици?”
„Дејди, синко, добер јунак,
„Тија ти се таткова печалба;
„Продај си ја младата невеста,
„Ќе ја купат жолтите Јевреји.”
Што си мајка јунак послушало,
Што си зеде младата невеста,
Ја занесе во Bapoшa града,
Ја занесе, ќе ми ја продава;
Он ја даде младото телалче,
Телал оди по Вароша града:
„Се продава јубава невеста,
„Се продава — три страници јазно!
Се завати жолта Јеврејина,
Се завати, невеста да купи.
Невеста му с’ молба помолила:
„Дејди, Стојан добер јунак,
„Мој Стојане, мој добри стопане,
„Баре вера да не ми ја мениш!”
Се завати младо баздриѓанче,
Горно-долно, пазар направиле,
Направиле — три страници јазно!
Си ја зеде младо баздриѓанче,
Си ја зеде јубава невеста,
Овде-јонде по тесни сокаци,
Да ја носи на својата кула.
Се зајоди пиле соколово,
Тој ми пеје, пеје ем разлега,
Ем разлега по тесни сокаци,
По сокаци, по Вароша града:
„Кај се чуло, чуло ем видело,
„Брат и сестра лубов да си бидат?”
Изговори младо баздриѓанче:
„Дејди, мори, јубава невесто,
„Да ли имаш јубава роднина?”
Изговори младата невеста:
„Ми каж’ваше моја стара мајка,
„Ми каж’ваше ем ми прикаж’ваше:
„Кога с’ биле на рамно Косово,
„Кога с’ биле с Турци, клети Турци,
„Си имала једно машко дете;
,,Ко’ бегала, она го врлила, —
„Тој ми било моје мило брате! —
„Ој, невесто, млада Стојанице,
„Стојанице, млада невесто,
„Да ли ти је твоје мило брате,
„Да ли ти је нешто бележито?” —
„Мајка м’ рече, вела, прикаж’ваше:
„Десно нога шестопрста било!” —
„Ај, посегни мојо десен скорен,
„Ај, види ми моја десна нога,
„Да ли ми је таја бележица?”
My посегна — шестопрста нога!
Ми го најде своје мило брате!
Што си најде своја мила сестра,
Ми јизвикна младо баздриѓанче:
„Чекај, Стојан добер јунак,
„Невеста ти шуро алал прави, —
„Таја ми је моја мила сестра!
„Ќе ти давам уште три странице;
„Кога имаш убава невеста,
„Да си имаш дома доста јазно!
„Иди с’ дома, живот да живејеш,
„Се најдовме јубава роднина!”
Датотека:Murat Sipan vinjeta.jpg