Пређи на садржај

Кратовче Радоња и Турчин Амет-паша

Извор: Викизворник

* * *


5

Кратовче Радоња и Турчин Амет-паша

Вино пије Кратовче Радоња,
Вино пије на ладна мејана,
На мејана, кај бела Петкана;
Карши има турскана дуќана,
Во дуќана Турчин Амет-паша.
На Турчино грдо му паднало:
„Чуј ме, чуј ме, Кратовче Радоња,
„Ти си јунак за вино пијење!
„Да л’ си јунак облог да фатиме?
„Да л’ го знајеш тоа Ново Брдо,
„Ден да појдиш, па надзад да дојдиш,
„Нишан земи, нишан да оставиш:
„Ако појдиш, надзад да си дојдиш,
„Ќе ти дадем ќара ем дуќана,
„Ем дуќана хиљада дукада,
„Секој дукад по хиљаду гроша;
„Ако појдиш, надзад да не дојдиш,
„Ќе ти земам куќи ем дворови,
„Ем дворови младата невеста,
„Ај, невеста со сем машко дете!
Стана јунак Кратовче Радоња,
Се исправи на јуначки нози;
Ми се вати голема облога,
Ми се вати с Турчин Амет-паша.
Си киниса дома да си оди;
Кога дојде во рамни дворови,
Викум вика Кратовче Радоња:
„Ај, отвори, млада Рањовице,
„Отвори ми шарена одаја,
„Ај, постели мекана постела,
„Да си легнам малко да поспијам;
„Мене рано утре да ме скорниш,
„Уште првни петли непејани!
„Јаз ќе одам на Новото Брдо,
„Јаз си имам голема облога,
„Голем облог с Турчин Амет-паша:
„Ако појдам, надзад да си дојдам,
„Ќе ми даде ќара ем дуќана,
„Ем дуќана хиљада дукада,
„Секој дукад по хиљаду гроша;
„Ако појдам, надзад да не дојдам,
„Ќе ми земе куќи ем дворови,
„Ќе ми земе младата невеста,
„Ај, невеста со сем машко дете!”
Ем ми легна лудо да ми спије,
Једнеш петли првни ми пејаја;
Уште једнеш петли повторија,
Нема лудо младо да ми стане!
Викум вика младата невеста:
„Стани, море, Кратовче Радоња,
„Стани, море, да би не стануло!
„Ти отидоа куќи ем дворови,
„Ти отиде твоје машко дете,
„Налет јазе вратот шчо ќе скршам!
Кога стана на јуначки нози,
Изговори Кратовче Радоња:
„Ој, невесто, мило добро моје,
„Ај, слези си темна коњушница,
„Ред по редум седумдесе коња, —
„Коа коња роса го избило,
Даја коња завал да ми седлаш
Бог да бије млада Рањовица,
 Шчо си слезе темна коњуишица,
Ред по редум седумдесе коња,
Ник’а коњо роса не избило, —
Го избило тоа коњче вранче
Шчо зимоска на стап го кревале!
Го извади тоа коњче вранче,
Го извади во рамни дворови;
My го кладе седло шиклосано.
My престегна дванајсе колани,
И му кладе мајмузи черклији,
И му кладе узда позлатена;
Го извади во рамни дворови,
Го занесе во мраморен камен.
Шчо ми дојде Кратовче Радоња, ж
Шчо си зеде јуначко оружје,
My се качи на то коњче вранче,
Си киниса на Новото Брдо,
Овде-онде по бели друмови;
Кога појде на река Ситница,
Бистра беше к’о лута ракија!
Шчо си дојде на Новото Брдо,
Нишан зеде, нишан ми остави;
Ко’ се врати надзад да си иди,
Шчо ми дојде на река Ситница,
Матна беше, матна ем крвава,
Кај ми влечи дрвје ем камење,
Кај ми носи коњи ем јунаци, —
Од што лета, не ја препливуа!
Изговори Кратовче Радоња:
„Дејди, коњо, волко да те јаде,
„Ти м’ одаде куќи ем дворови,
„Ем одаде млада ми невеста,
„Ај, невеста со сем машко дете!
Изговори тоа коњче вранче:
„Дејди, море, Кратовче Радоња,
„Ај, слези си од моји рамена,
 „Престегни ми дванајсе колани,
„И Врзи си твоји црни очи;
„Ај, качи се на моји рамена,
„Десна рака за грива се држи,
„Лева рака клади ќе преврљаш!”
Шчо влегоа два добри јунаци,
Шчо влегоа во река Ситница, —
Как влегоа, така испаднаја,
Испаднаја зелени чајири!
Шчо си појде Кратовче Радоња,
Шчо си појде завал дури дома,
Он ми легна шарена одаја,
Оти време не ми је дојдено.
Бог да бије Турчин Амет-паша,
Оно ми је многу скоростечно!
Шчо ми дојде на тешките порти,
Дваш викнуа, море, триш клупнуа:
„Ај, отвори, млада Рањовице,
„Ај, до сеа млада Рањовица,
„А од сеа, бре, млада каданка!
Изговори млада Рањовица:
„Бегај, бегај, Турчин Амет-паша,
„Да не стане Кратовче Радоња,
„Ќе ти сече глава до рамена,
„Ќе ти сече нози до колена!”
Бог да бије Турчин Амет-паша,
Оно вера не му се ватило,
От је дојден Кратовче Радоња!
Бог да бије Кратовче Радоња,
Шчо си стана шарена одаја,
Шчо си зеде сабја колаклија,
Шчо си слезе во рамни дворови,
Викум вика Кратовче Радоња:
„Бујрум, бујрум, Турчин Амет-паша,
„Да ти дадам млада Радовица!”
Шчо отвори тија тешки порти,
Шчо си влезе Турчин Амет-паша,
Шчо си влезе во рамни дворови, —
Бог да бије Кратовче Радоња,
Шчо извади сабја колаклија:
Шчо се вије Турчин Амет-паша,
Шчо се вије, пазува се крије!
Шчо му сече глава до рамена,
Ем му сече нози до колена!
Шчо му зеде ќара ем дуќана,
Ем му зеде хиљада дукада,
Секој дукад по хиљаду гроша!

Датотека:Murat Sipan vinjeta.jpg


Референце

Извор

Др. Војислав С. Радовановиќ: Маријовци у песми, причи и шали, Штампарија Василија Димитријевића Скопје, 1932.